МАКЕДОНИЈА
Спасовски кажа до кога во земјава нема да има бегалски кампови

Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на Европската унија, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ, одговарајќи на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија.
Тој посочува дека во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени.
– Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени, истакнува Спасовски.