ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски контра општината: Сообраќајниот ред во Тетово е надлежност на општината

Спасовски контра општината: Сообраќајниот ред во Тетово е надлежност на општината

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги отфрли тврдењата на општина Тетово дека СВР не соработува доволно со општината, пред се во регулирањето на редот во сообраќајот. Спасовски рече дека одржувањето на сообраќајниот ред е одговорност на општината, и дека полицијата дава согласност само за понатамошно постапување на надлежните институции. Тој дури ја пофали СВР тетово за покажување на најдобри резултати на државно ниво, за борбата против трговијата со дрога и недозволеното поседување на оружје.

Advertisements

Општина Тетово уште еднаш го повтори ставот дека хаосот во градот е предизвикан поради неактивност на полицијата.

„Не сакаме да ги коментираме ваквите изјави. Го повикуваме министерот Спасовски да излезе низ улиците во градот, и да го види лично создадениот хаос. На тој начин ќе го разбере нивото на соработка меѓу општината и полицијата“, велат од Општина Тетово.

Тетово се соочува со голем недостиг на паркинг места, ситуација што создава голем хаос во градот. Проблемот станува уште поголем со доаѓањето на печалбарите за време на летната сезона, кога се забележуваат повеќе сообраќајни несреќи. Според податоците на полицијата, во првите шест месеци од оваа година, бројот на сообраќајни несреќи во Тетово е намален во споредба со пред една година.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button