ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: МВР ќе ги преземе сите мерки за заштита на пратениците и Законодавниот дом

Секој има право на јавно изразување на својот став, но демократијата не треба да се претвори во анархија, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање. Запрашан дали полицијата има некакви сознанија за евентуални немири за време на утрешната собраниска седница, на која ќе се обрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Спасовски рече:

Advertisements

„Се прават анализи, се прибираат сите информации во однос на можни случувања кои што би биле во текот на одржувањето на седницата. МВР ќе ги преземе сите потребни мерки за безбедност и на пратениците и на Законодавниот дом. Протести и јавно изразување на својот став е демократско право, но тоа треба да биде на демократски начин. Демократијата не подразбира анархично однесување“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button