ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Најверојатно ќе се прошири истрагата за фалсификувањето пасоши

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека најверојатно ќе се прошири истрагата по вчерашното приведување полициски службеници вклучени во фалсификување патни исправи за да се видат, како што вели, сите други аспекти поврзани со овој случај. Еден од уапсените, според Спасовски, имал контакт со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Advertisements

-Според сознанијата и индициите, јас тоа го кажаувам заради тоа што навистина се на контакт и дел од документите што ги има во опозициската партија се од тука, рече Спасовски во гостување на Утрински брифинг.

Акцијата ја забрзале заради, како што рече, деконспирацијата, а не заради настапот на опозицијата.

-Лидер на опозицијата и опозициска партија кои постојано  излегуваат и прават заштита на крупни криминалци во државата и одеднаш сега се појавува дека е партија која демек стимулура борба против криминал и корупција.  Од една страна демек стимулира борба против  криминал и корупција за вакви случаи, а од друга страна имавме прилика да видиме како влегуваат во заштита на крупни риби како што ги нарекуваат тие, дополни Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button