ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Насилство на протести не дава резултати

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес конференција рече дека полицијата вчера спречила инцидент од поголеми размери и апелираше сите учесници во протестите да се воздржуваат од провокации и насилства.

Advertisements

„Апелирам и до граѓаните и до политичките субјекти, протестите да бидат мирни. Вандализмот и насилството нема да даде резултати во ниту еден случај“, рече Спасовски.

На забелешките од новинарите зошто кај стоковната куќа Мост, во периодот на минување на демонстрантите кон Владата, немало подобро обезбедување на просторот, Спасовски одговори дека на местото имало доволен број на полициски службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button