Спасовски негира дека МВР не реагирало на плоштадот Скендербег

Министерството за внатрешни работи тврди дека вчерашниот инцидент на плоштадот Скендербег бил спречен благодарение на полицајците. Иако снимките од медиумите кои беа присутни во моментот на инцидентот докажуваат дека најмалку 7 минути само мал број полицајци пробуваа да ја неутрализираат толпата демонстранти и групата која се судри со нив.
Единицата за интервенција дојде неколку минути откако лицето со пиштол пукаше неколку пати во воздух за да ги потисне демонстрантите од плоштадот.
Министерот Спасовски обвини дел од новинарите дека оправдуваат вадење на оружје, додавајќи дека на местото каде што се случил инцидентот имало доволно полицајци за да се спречи инцидент.
Спасовски вели дека се работи на идентификација и на другите лица кои држат оружје.
Полицијата соопшти дека уапсениот се вика Јусуф Енузи, познат по прекарот Цуфи Кока. На протестот потоа немаше инциденти пред МНР и Собранието меѓу демонстрантите и полицијата. Неколку минути пред крајот на протестот, организаторите фатија неколку лица со маски, кои според нив, биле инфилтрирана структура за да поттикнат полициска интервенција.
Адриан Керими