ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Нема криза во владата иако имаме различни гледишта со премиерот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Здраво Македонијо рече дека нема криза во владата иако имаат различни гледишта со премиерот за законот за амнестија.

Advertisements

Според Спасовски станува збор за различни ставови на носителите на власта, потенцирајќи дека решението треба да се бара во зголемување на капацитетите во затворите.

„Мојот став е дека ниту времето, ниту моментот не се погодни за донесување на законот за амнестија… Тие лица кои извршиле кривични дела главно разбојништво, тешки кражби и слично, претставуваат дополнително оптоварување на безбедносната состојба, или ние погледнете ги претходните закони за амнестија и ќе видиме дека повеќето од тие луѓе се враќаат по два-три месеци, бидејќи повторно направиле криминал“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Претседателот на владата Ковачевски кој се залага за законот за амнестија најави амандманска интервенција со цел амнестијата да не важи за „Монструм“, делото за кое е осуден двоецот Азири.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button