ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Новогодишната ноќ помина мирно, со 30 проценти помалку пријавени настани од лани

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Им благодарам на сите граѓани кои прославуваа одговорно и придонесоа новогодишната ноќ да мине онака како што апелиравме и посакувавме, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Advertisements

Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани.

-Во текот на ноќта, имаме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имаме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15. Имаме прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, вкупно осум и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени. Ако споредиме со минатата година, тоа е намалување 30 проценти на вкупно пријавени настани, истакна Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button