Спасовски: Прибираме информации по објавата на лицето кое го вееше знамето во Тетово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека и понатаму се утврдува идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н голема Албанија во Тетово при престојот на албанскиот премиер Албин Курти, како и дека се прибираат информации по објавата на фотографијата од лицето.
На новинарско прашање по настан на МВР и Агенцијата за млади и спорт, Спасовски повтори дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи истакнувајќи дека ќе се утврди идентититетот и оти ќе има правда и во случај да е странски државјанин.
-Не велиме и не демантирам, едноставно човекот што го носеше знамето не е вработен во МВР. А кого би знаеле ако не ги знаеме вработените во МВР? Јас се надевам дека и раководството во телевизијата во којашто работите ве знаат сите кои сте. Според тоа, знаејќи дека инспекторот или лицето кое се посочува не е тоа лице ние затоа објавивме и фотографија, јавна објава, за да видиме во однос на препознавањето на ова лице и понатаму утврдуваме кој би бил идентитетот на ова лице. Имаше лица кои и не се од Република Северна Македонија дојдени од надвор на тие средби. Како што ќе добиваме информација ќе добиете секако повратна информација и вие, изјави Спасовски.