ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Во моментот не постојат посериозни индиции за зголемен мигрантски бран

Во овој момент не постојат посериозни индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантскиот бран, меѓутоа државата е подготвена да одговори на сите предизвици, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали сме подготвени за евентуален нов мигрантски бран со оглед на новонастанатата ситуација во Авганистан за која јавуваат светските медиуми.

Advertisements

– Ние како држава сме подготвени и имаме два транзитни центри на територијата на Република Северна Македонија. Не остануваат и нема да остануваат мигранти, туку само транзитираа во моменти кога беше функционална Западнобалканската рута, рече Спасовски.

Според него, денес за Северна Македонија се зборува како држава што не е атрактивна за поминување на мигрантите низ оваа рута, заради тоа што постојат сериозни контроли.

– На стратешко ниво МВР е поставено со посебна оперативна обработка што е исклучиво во функција на намалување на илегалната миграција и трговија со луѓе и за тоа постојат показатели и податоци за разбиени организирани криминални групи. Во тој дел државата е добро поставена за да немаме каков било проблем од евентуално зголемување на мигрантскиот бран, изјави  министерот Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button