Спасовски: Законот за трагедијата во Кочани е морална и институционална обврска

Координаторот на пратенилката група на СДСМ Оливер Спасовски на прес-конференција во Собранието упати критики до владејачкото мнозинство поради тоа што не го поддржааа нивното законско решение кое се однесуваше на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
При утврдување на дневниот ред на 48. собраниска седница не беше изгласано барањето по скратена постапка да се донесе ова законско решение. „За„ гласаа само пратениците од СДСМ и Левица. Според Спасовски, овој закон, кој освен за Кочани требало да се однесува и за семејствата за жртвите и повредените од други трагедии како Ласкарци, Модуларната болница и.т.н, требало да биде закон за обединување, единство, солидарност и сплотеност.
-Сметаме денеска требаше да се најде на дневен ред еден ваков текст, кој што не е обичен законски текст, туку е морална, институционална обврска, и овој предлог закон произлезе од најголемата трагедија во што се случи во државата, рече Спасовски.