ВЕСТИСВЕТ

Спасувачката акција во тек – најмалку 40 загинати во рудник во Турција

Во експлозија во рудник за јаглен во северната турска провинција Бартин загинаа најмалку 40 рудари, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по затрупаните под земја.

Дел од локалните медиуми јавуваат дека постојат сомнежи дека пожарот во рудникот предизвикан од експлозијата сѐ уште не е изгасен и со тоа се отежнува и спасувањето на преживеаните и заробени во рудникот.

Advertisements

Единаесет од 58-те спасени рудари сѐ уште се лекуваат во болница, но не е јасно колку луѓе сѐ уште се заробени поради експлозијата, која се случи додека 110 луѓе работеле. Властите соопштија дека првите индиции се дека експлозијата била предизвикана од гас што се создава во рудниците за јаглен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button