СПОРТ

Спектакл на полуфиналето во Ријад, младите ѕвезди против легендите на тенисот

Полуфиналето на егзибицискиот турнир во Ријад „Слемот на шесте крала“ ќе ни донесе средби на младите ѕвезди против легендите на тенисот. Овој нов егзибициски турнир влезе во полуфиналната фаза, во која Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал минаа без борба. Пласман меѓу четирите најдобри обезбедија Јаник Синер кој го „оддува“ Данило Медведев и Карлос Алкарас кој без проблем излезе на крај со Холгер Руне.

Advertisements

Први на терен (18:30 часот) ќе излезат 37-годишниот Ѓоковиќ и 14 години помладиот Јаник Синер. Тоа ќе биде прв натпревар меѓу србинот и италијанецот на егзибициски турнир, вкупно деветти во нивните кариери (моментално е 4-4), но истиот нема да биде вклучен во официјалниот количник на средбите меѓу нив. Синер го победи Ѓоковиќ во последните три дуели кои ги одиграа (Дејвис Куп, Австралија Опен и Шангај).

Не пред 20:00 часот, публиката во Ријад повторно ќе гледа дуел помеѓу иднината и минатото. На теренот ќе бидат двајца Шпанци, 38-годишниот Рафаел Надал и 21-годишниот Карлос Алкараз. Тоа ќе биде петти дуел на двајцата, а втор егзибициски. Во официјалното „H2H“, Надал води против Алкараз со 2-1, но последниот дуел, во Мадрид во 2022 година, по спектакл го доби помладиот шпанец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button