
Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Како што соопшти Европскиот совет во услови на нов моментум во однос на ситуацијата во Украина, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат за тоа како Унијата може дополнително да ја поддржи земјата и принципите што треба да се почитуваат во иднина.
Во поканата до лидерите на земјите на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта порача дека Унијата и нејзините членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.
– Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина, нагласи Кошта.