ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Специјалната комисија не изготви извештај за нападот на капетанот Албанец

Специјалната комисија која требаше да ги констатира прекршувањата, неправилностите и пречекорувањето на овластувањата за насилството извршено врз капетанот Албанец во Криволак, дел од селекторскиот курс за елитната единица „Волци“, не донесе никакви резултати. Алсат неофицијално дознава дека комисијата не успеала да го донесе заклучокот поради тоа што не стапила во контакт со повредениот војник, бидејќи земал боледување. 17 дена по нападот на капетанот нема одговорност за напаѓачите – во овој случај осомничени се колегите од селекциониот курс за припадници на баталјонот за специјални сили „Волци“.

Advertisements

Извори од семејството на капетанот велат дека тој не ангажирал адвокат за кривична постапка против Генералштабот, која се уште не е започната. Се вели дека неговата здравствена состојба е стабилна, но како понатаму ќе постапи капетанот по нападот, за кој се сомневаат дека е добро испланирано сценарио подготвено од високи воени структури, останува да видиме.

Нападот врз него се случи на 3 јуни во Криволак за време на вежбите за селекција, по што бил препратен на Универзитетската клиника, а потоа во психијатриската болница „Бардовци“. Ваквата постапка од неговите колеги се трвди дека била направена за капетенот Албанец да биде оценет како лице со психички пореметувања, што би го дисквалификувало од конкуренцијата за во елитната единица. Имало  обиди да се сокријат записниците и да не се евидентира случајот, а  извори од психијатриската болница велат дека по приемот на капетанот во болницата, групата меѓу кои биле и напаѓачите, се фотографирале во дворот на болницата.

Албанскиот капетан, чиј идентитет е познат на нашата редакција, бил дел од групата на најподготвени војници, дипломирал на воената академија со максимален успех и докажан во различни воени мисии внатре и надвор од државата. Тој бил  меѓу малкуте кандидати кои се пријавија на селекторскиот курс за елитната единица „Волци“, што трае до 25 јуни.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button