ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спикерот на бугарското Собрание свесен: „Нема доволно мнозинство за промена на Уставот“

Македонија нема друга алтернатива освен европската, порача од Скопје претседателот на бугарското Собрание, Росен Жељазков. Тој кажа дека политичарите од двете земји им должат на своите народи заедничка европска иднина, но и мир и просперитет во овој, како што вели, неспокоен свет. Жељазков, зборувајќи за уставните измени во земјава, изрази благодарност дека мнозинството пратеници го поддржува членството на Македонија во ЕУ.

Advertisements

„Јасно е дека има мнозинство, но тоа не е доволно во моментов. Но, постои една мисла дека државниците мислат за наредните генерации, а политичарите мислат за следните избори. За нас е важно дека е недвосмислен и ставот на Република Бугарија за прием на Република Северна Македонија во Европската Унија“, рече Жељазков.

На средбата со неговиот домаќин Талат Џафери се зборувало и за спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. Жељазков побарал ефективно да се почитуваат правата на бугарската заедница во Македонија, а дел од овој процес, како што додаде, се и измените на Уставот за внес на Бугарите. Жељазков нагласи дека постигнатиот компромис преку францускиот предлог е компромис за народите.

„Веруваме дека разумот и политичката волја ќе преовладеат и уште оваа година ќе имаме можност да го поздравиме почетокот на преговорите со Европската Комисија. За нас е исклучително важно Република Северна Македонија и Албанија да се движат заедно по овој пат“, додава Жељазков.

Средбата меѓу Џафери и Жељазков помина без можност за новинарски прашања. Како што информираше бугарскиот спикер, двајцата зборувале и за дигиталната поврзаност и трговската размена. Жељазков на крајот посака на следната средба да се поздрави промената на Уставот и почекокот на преговарачкиот процес за полноправно членство на Македонија во ЕУ.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button