ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спиропали: Одлуката на Уставен за албанскиот јазик да биде во духот на Охридскиот договор 

Спиропали: Одлуката на Уставен за албанскиот јазик да биде во духот на Охридскиот договор 

Претседателката на албанскиот Парламент, Елиса Спиропали, за време на официјалната посета на Скопје, порача целосно спроведување на Законот за јазиците, кој се оспорува во Уставниот суд. Спиропали, на заедничката прес-конференција со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, истакна дека албанскиот јазик за Албанците е свет и има врска со суштината на идентитетот.
„Неговото загрозување во која било форма, несомнено боли многу и го нарушува токму овој идентитет што го внесуваме во овој голем свет, во регионот и пошироко, како наша вредност. Целосно ја препознаваме и разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека  решението ќе биде  во духот диктиран од Охридскиот рамковен договор„, рече Елиса Спиропали, претседателка на албанскиот парламент.
Од друга страна, Гаши рече дека Албанија и Северна Македонија на меѓународно ниво имаат исти цели и интереси и за тоа треба да има меѓусебна соработка на сите полиња.
„Исто така, заклучивме дека Балканот го очекуваат и други предизвици, кои бараат од нас поголема соработка, поддршка и поголема меѓусебна помош, за да можат нашите граѓани да живеат во просперитет и благосостојба“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.
Спиропали, за време на денешната посета, се сретна и со шефот на ДУИ, Али Ахмети, кој беше придружуван од Талат Џафери. На средбата, како што пренесува Ахмети, се разговарало за прашањето на легитимитетот.
„До г-ѓа Спиропали, ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија и нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот изразена демократски преку слободно гласање. Зборувавме и за потребата од верификација со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна област “, нагласи Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Претседателката на албанскиот Парламент оствари средба и со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ова е прва посета на Спиропал на Скопје, откако на 31 јули ја презеде функцијата претседател на Собранието./Алсат.мк
Суад Бајрами
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button