Спомен-кулата во Слупчанe поттикна политички реакции

Инагурацијата во Слупчане, општина Липково на Спомен-кулата за паднатите борци на ОНА за време на војната во 2001 година наиде на реакции. Неговата изградба не е дел од собраниската програма за одбележување значајни настани и личности, како што е предвидено со законот за спомен-обележја. ВМРО-ДПМНЕ го критикува премиерот Ковачевски дека молчи пред ваквите случувања. Според нив, премиерот е во сенката на ДУИ.
Од ДУИ демантираат дека се работи за партиски настан и велат дека процедурата за негова изградба била законска.
„Не мислам дека вчера тоа беше партиска активност. Тоа беше дејност на општина Липково која според моите информации, ги има испочитувано сите формални процедури за изградба на споменикот во општината, со одлука на советот и сите понатамошни процедури на локалната власт и бевме поканети како гости од страна на градоначалникот. Не гледам ништо спорно во овој дел“, изјави Бујар Османи, ДУИ
Оваа изјава на Османи, опозициската Алијанса за Албанците ја смета како дистанцирање на ДУИ од изградбата на споменикот, иако како што велат од партијата на Села, од ДУИ се декларираат како патриоти и партизираат сè што е значајно за Албанците.
„Бујар Османи треба да секој Албанец да му објасни од што се срамат тој и ДУИ: Од УЧК, од Албанците или од фактот дека сите ‘големи дела’ на ДУИ всушност се или без дозвола или без политичка волја или без одлука на институците! Инаугурацијата на споменикот од кој денеска побрзаа да се дистанцираат ДУИ-стите претставува врв на политичка ароганција…“, изјаваат од Алијанса за Албанците
Пред еден ден во Слупчане во присуство на функционери на ДУИ предводени од нивниот лидер Али Ахмети, во близина на гробиштата на паднатите борци беше инагурирана спомен-кула висока 20 метри, која чинеше околу 200.000 евра. /Алсат.мк
Фатлуме Дервиши