ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Споменик во Слупчане, Ахмети: Нема ништо незаконско

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одговори на бројните критики за надгробната плоча на мачениците во Слупчане.
Ахмети рече дека овој споменик е изграден по редовни процедури, а според него е во согласност со локалните закони.
„Сѐ е во редовни процедури и е во согласност со стандардите. Сѐ е според локалните закони и нема ништо што е надвор од стандардите и законите“, нагласи Ахмети.