ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Спор меѓу Синдикатите и Владата-од кога ќе има зголемени плати

Спор меѓу Синдикатите и Владата-од кога ќе има зголемени плати

Платите во јавниот сектор со новата методологија ќе се зголемуваат во рок две и пол години, но за овие 30 месеци функционерите нема да ги намалат зголемените плати од 78%. Во Социо- економскиот совет велат дека очекуваат од септември да има зголемување на платите за 136.000 вработени во јавниот сектор, но од Министерството за труд и социјална политика велат дека оваа транзиција на платите ќе започне од 2025 и ќе трае до 2028 година. Не е важно колкав процент се зголемуваат платите во јавниот сектор, вели министерката Тренчевска туку нагласува дека треба да се направи долгорочно решение за нивелирање на платите, каде зголемувањето колку и да е мало ќе се одрази на нивните плати.

Advertisements

Ова значи дека и функционерите ќе продолжат да примаат плати зголемени за 78 отсто до 2025 година кога ќе се спроведе новата методологија за усогласување на платите. На ова и натаму остро се спротивставува Сојузот на синдикати на Македонија, кој нагласува дека линеарниот раст не е решение, бидејќи оние со минимална плата треба да имаат поголем пораст од оние со плати над просекот. ССМ 3 години разговара за општиот колективен договор во јавниот сектор, а сега политичарите со изјавите дека првпат ги слушаат овие предлози, сакаат да купат дополнително време.

Досега, договорот меѓу страните е дека по две и пол години ќе се спроведе новата методологија за плати во јавниот сектор каде како основа ќе се земе просечната плата плус вредноста на коефициентот на работното место. На седницата на социо- економскиот совет вчера беше понудено зголемување од 6 отсто, а синдикатите бараат зголемувањето на платите во јавниот сектор од 1 септември да биде колку стапката на инфлација односно 14,5 %. Конфедерацијата на синдикални организации најавува сеопфатен протест во септември.

Во среда во Министерството за финансии повторно ќе се одржи состанок на синдикалните лидери. Од Финансии од поодамна кажаа дека линеарното зголемување на платите во јавниот сектор не може да биде двоцифрено. Според првиот човек на финансии, тие немаат капацитет со овој буџет, бидејќи во моментов за плати во јавниот сектор се издвојуваат 960 милиони евра и зголемување од 10% би било блиску до дополнителни 100 милиони евра што треба да се издвојат од државниот буџет.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button