ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Според Државната изборна комисија, утрово никаде не се пријавени проблеми

Според Државната изборна комисија утрово нема пријавено никакви проблеми со отворањето на избирачките места. Во 7 часот е почнато гласањето на вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори.

На претседателските избори право на глас имаат 1 814 317 гласачи, додека на парламентарните избори имаат 1 815 350 избирачи запишани во Избирачкиот список.

Ден пред изборите, вчера први за двојните избори гласаа болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови, додека пријавените од дијаспората гласаа само за претседателските избори.

Гласањето во дијаспората се одвиваше на 31 гласачко место во дипломатско-конзуларните претставништва.

ДИК информираше дека вкупната излезеност од гласањето во странство за претседателските избори до 19 часот изнесува 652 гласачи, односно 25,38 отсто.

Вчера, од ДИК напоменаа дека во оваа излезеност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде се уште траело гласањето.

На вкупно 14-те гласачки места во казнено-поправни установи вчера своето гласачко право можеа да го остварат 2 147 гласачи за претседателските избори и 2 140 гласачи за избор на пратеници во Собранието. Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8 926 односно 80,45 отсто болни или немоќни лица за претседател на државата, односно 10 036 или 92,04 отсто за пратеници во законодавниот дом.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button