
Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија новото сметање на времето, денеска го слават Божиќ.
Според евангелската традиција, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, па и покрај разликите во календарите, тој датум се почитува во целиот христијански свет како почеток на нова ера и нова историја на човештвото.
Во христијанството се верува дека раѓањето Христово ја донело светлината на вистината на човечкиот род и дека овој настан го исполнил старозаветното пророштво за раѓањето на Спасителот.