Според Институтот за јавно здравје, повеќето жртви на Ковид-19 се невакцинирани

Процесот на вакцинација продолжи со брзо темпо. Во последните 24 часа, првата доза ја примиле 7.625 од вкупно 11.883 граѓани. Во меѓувреме, според извештајот на Институтот за јавно здравје во последните три недели 276 луѓе починале како резултат на Ковид-19, од кои 246 невакцинирани, а 30 пациенти или 10% биле вакцинирани. Починатите биле вакцинирани со сите видови вакцини што се во земјава, но и со типот Модерна и Џонсон, кои биле набавени во странство. Но, министерот за здравство Венко Филипче рече дека сите тие имале други хронични заболувања.
Во периодот 06-26 август, од 17.020 позитивно дијагностицирани, 17% од нив биле целосно вакцинирани, односно 2.924 граѓани. Според анализите од последните три недели, 83% од заразените биле невакцинирани или 14.096 граѓани. Во меѓувреме, само 11% од хоспитализираните се целосно имунизирани.
Статистиката на ИЈЗ покажува дека во текот на минатата недела 54 лица повторно се заразени, или вкупно 351 од почетокот на пандемијата се заразени по втор пат од вирусот корона.
Лекарската комора инсистира на ажурирање на протоколите за лекување на пациентите. Претседателката на Лекарската комора денеска повика да се следат препораките на СЗО бидејќи високата смртност е токму од постапката на лекување во болнички услови.
Додека бројките на дијагностицирани се високи на дневна основа, тие почнаа да се стабилизираат на ниво што според епидемиолозите значи дека до крајот на август се очекува да се достигне пикот на четвртиот бран. Здравствените власти велат дека секоја вакцина е безбедна и спречува тешки форми на болеста .Министерството за здравство повикува да продолжи масовната вакцинација со цел да се постигне колективен имунитет до средината на октомври.
Подготвено од: Аднан Ќаили