Според Лидерот на СДСМ Венко Филипче поддршката на Владата за бојкот на маркетите е цинична
Според Лидерот на СДСМ Венко Филипче поддршката на Владата за бојкот на маркетите е цинична

Сите политички партии, без разлика на степенот на одговорност, го поддржуваат бојкотот на маркетите од граѓаните. Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека владата не треба да поддржува, туку да преземе конкретни мерки.
Премиерот Мицкоски инсистира дека Владата презема мерки за подобрување на бизнис климата за трговците, но според него, револтот на граѓаните е разумен.
Според Мицкоски, злоупотреба на цените не се случува само кај супермаркетите, туку и кај фармацевтските и компаниите за бела техника.
Од ВЛЕН велат дека ја разбираат потребата на граѓаните за бојкот што е голем аларм за профитерите кои заработуваат на грбот на народот.
„Ја разбираме нашата тежина и одговорност како коалиција ВЛЕН, дека сме дел од владата и имаме институционална одговорност… донесовме мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните со замрзнување на маржата на основните прехранбени производи за да го направи тоа да не доведе до енормно поскапување каде нема основа за тоа и во оваа насока ги поздравуваме ваквите иницијативи и граѓаните со вакви активности“, велат од ВЛЕН.
ДУИ вчера побара итна оставка од министерот за економија и преземање итни мерки за стопирање на неправедните поскапувања./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши