МАКЕДОНИЈА

Според Маричиќ, случајот со Мијалков „само за момент“ ја уништил довербата на јавноста во судството

Невладините организации сметаат дека настаните во последните неколку денови со исчезнувањето и повторното појавување на Мијалков, го истакнале недостатигот на професионализам во правосудните институции. Од Фондацијата за отворено општество велат дека хаосот што се создаде со овој случај уште еднаш ја алармира потребата за итно спроведување на реформите за чистење на судството.

Но, министерот за правда е горд на епилогот на случајот.

„Длабоко се чувствувам трогнат од настаните од последните денови кои за момент ја закопаа довербата на јавноста во институциите. И покрај сè, можам да кажам дека сум горд и задоволен што овој настан имаше позитивен епилог“, рече Маричиќ.

Овие оценки беа дадени на конференција за реформите во секторот правда во ланската и во оваа година. Учесниците рекоа дека долготрајното одложување на некои предмети предизвикува граѓаните да ја изгубат вербата во правосудниот систем. Но, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција оценија дека невладините организации се сè уште под директно политичко влијание. Оваа состојба, според нив, треба да заврши што е можно побрзо.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button