Според власта, опозицијата е виновна што доцнат вакцините во Македонија

Нема законски пречки за 8.000 вакцини Фајзер обезбедени преку Србија д влезат во земјава. Актуелниот проблем со немањето кворум во Парламентот е проблем за директна набавка на анти ковид вакцината од оваа американска компанија. Вториот човек во Министерството за здравство, вели дека со северниот сосед се во фаза на подготовка на документацијата за прием на контингентот од Белград. Според Илир Хасани, во прашање се денови, но другите набавки не можат да се направат ниту преку платформата Ковакс, ако не се одобрат измените во Законот за лекови.
„Забрзаната постапка што ја имаме во Собранието за изменување на Законот за лекови што ќе ни овозможи директно да комуницираме и да ги купиме директно од компанијата Фајзер. Иако беше бојкотиран од партијата ВМРО, да ја имавме со нас и албанската парламентарна опозиција, ќе можевме да го поминеме, но за жал ниту еден од нив не се појави во собраниската сала.”
Во меѓувреме, обезбедени се места за соодветно складирање на вакцините, но формалните правни процедури го запираат започнувањето на процесот на имунизација.
Од Агенцијата за лекови „Малмед“ велат дека чекаат да се сертифицира контингент вакцини од Србија која најпрво дозите отстапени за земјава, треба да ги одјави во дирекцијата на Фајзер во САД. Од моментот на комплетирање на документите, со забрзана процедура вакцините ќе бидат регистрирани со соодветни бар-кодови и ќе бидат подготвени за употреба.
„Агенцијата за лекови, Министерството за здравство и Владата со секојдневна комуникација се заинтересирани за две работи: Прво, да се донесе анти-ковид вакцината што е можно поскоро и второ – целата постапка да биде во согласност со сите законски барања кои се предвидени во земјата, со цел да имаме безбедна и контролирана вакцина.”
Предложените измени во Законот за лекови, во исклучителни околности и кризни ситуации кога е во опасност јавното здравје, предвидуваат прием на лекови од странство да може да се изврши дури и без пополнување на сите документи. Според овој драфт кој е предложен од 6 пратеници на власта, овие измени со забрзана постапка треба да се направат за да се отстранат правните пречки за набавка на вакцини од оператори кои немаат директно застапништво во нашата земја. Во сегашниот закон, меѓу другото, пречка е и членот 18, кој не дозволува употреба на лекови кои доаѓаат од компании без овластени претставници кај нас кои потоа би можеле да преземат одговорност во случај ако лековите, а во овој случај вакцините, би имале евентуално несакани ефекти врз здравјето.
Аднан Ќахили