СПОРТ

Според заработката, Роџер Федерер е апсолутниот лидер

Новак Ѓоковиќ неодамна успеа да го мине Рафаел Надал според заработката на тениските великани, севкупно од награди на турнирите и од спонзорските договори што ги имаат. Српскиот ас ја надмина бројката од 520 милиони евра заработени во кариерата, Надал има 515 милиони долари, но двајцата вкупно сепак имаат помала заработка од апсолутниот лидер во оваа категорија – Роџер Федерер.

Advertisements

Швајцарецот повеќе од една година е „пензионер“, но се уште му се активни неколкуте спонзорски договори кои му носат богатство, па Федерер веќе ја надминал границата од 1,2 милијарди долари како заработка во последните дваесетина години.

Новак Ѓоковиќ е на врвот на листата на заработка само од турнирите, откако веќе ја надмина границата од 180 милиони долари, а се очекува до крајот на кариерата србинот да стигне и до 200 милиони долари од своите успеси на тениските терени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button