ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спорна продажба на плац за фотоволтаици во Делчевско

Сомнителни трансакции меѓу неколкумина вработени во ЕВН и други лица. Вакви индиции за сторен финансиски криминал истражува Управата за финансиска полиција, за што се координира со скопското обвинителство. Финансиската полиција денеска вршела претрес на кај повеќе лица во Скопје и во Делчево.

Advertisements

„…меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела“, наведоа од Финансиската полиција.

Алсат побара став од ЕВН за случајот. Но, оттаму не коментираат бидејќи, како што ни рекоа, тие се сведок во случајот, а истрагата е во тек.

„ЕВН Македонија има тесна соработка Финансовата полиција во однос на приложување на сите доказни материјали кои се потребни за расчистување на случајот“, наведоа од ЕВН Македонија.

Повеќе детали од финансиската истрага нема, а соопштението од Управата за финансиска полиција следи откако пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Јован Јаулески утринава информираше за претрес во неговиот дом.

„Кај мене не поминуваат притисоци и закани. Хибридниот режим ги живее последните минути на власт“, рече Јаулески.

ВМРО – ДПМНЕ претресот го поврза со денешното гласање доверба на Владата и обвинија дека власта врши притисок врз пратениците на опозицијата.

„Токму во очи на гласањето, финансиска полиција влегува во домот на родителите на Јован Јаулески, дом во којшто и тој престојува, во 5 часот наутро да врши претрес, да вознемирува, одзема телефони и што ли уште не!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Управата за финансиска полиција ги демантираше ВМРО – ДПМНЕ и Јаулески. Оттаму велат дека интерес на предистражната постапка не бил Јаулески, ниту било кој политичар, туку вработени во ЕВН. Од СДСМ го обвинија Јаулески дека лажел оти има претрес во неговиот дом, зашто – како што тврдат, тој не живеел со неговите родители. Неофицијално, случајот се поврзува со евентуално спорна продажба на земјиште во Делчевско за поставување на фотоволтаици на ЕВН за производство на струја од сончева енергија.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button