МАКЕДОНИЈА
Спорните имиња на бугарските клубови дело на хибридни стратези, вели Муслиу

Првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека отворањето на бугарските клубови во земјава, со имиња на контроверзни личности од историјата го оцени како провокација и соработници на хибридни стратези.
„Конкретно, околу бугарските здруженија, јас ова можам да кажам дека го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези, кои сѐ уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на Р С Македонија, да се зачлени во ЕУ. Но, ова нема ништо во односите помеѓу двете цивилни разузнавачки служби“, рече Муслиу.