„Спорот со Бугарија“; Нашата дипломатија се обраќа на погрешна адреса, оценува аналитичарот Петковски

Нашата влада во моментов за изнаоѓање на решение за спорот што го наметна Бугарија се обраќа на погрешна адреса, смета политичкиот аналитичар Љупчо Петковски. Во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, тој смета дека настапот на нашите дипломатски претставници е несоодветен и оти ЕУ не може да издејствува решение на билатерален проблем. Коментирајќи ги денешните изјави на актуелниот вице-премиер за европски прашања, Никола Димитрoв, на панелот на економскиот форум Делфи во Грција, Петковски вели:
„Изгледа како да правиме некаква емотивна уцена кон некој што навистина не може да ни помогне. Политиката на ЕУ е јасна – билатерални спорови не се внесуваат, потребна е согласност од сите држави членки за отпочнување на преговори. Адресата за ова е Софија“, вели Петковски.