ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Спорот со Софија и ликот на Ванчо Михајлов доминираше на сеницата на пратеничките прашања

Собранието по повеќе од четири месеци одржа седница за пратеничките прашања, во која имаше жестоки судири меѓу власта и опозицијата, особено за прашањето со Бугарија. Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи го обвини премиерот Димитар Ковачевски дека го предал македонскиот народ, откако дозволил да се отвори Центар за култура во Битола, именуван по Ванчо Михајлов.
Ковачевски го повтори својот негативен став за „Ванчо Михајлов“.
Пратеничката Мизрахи и Ковачевски се судрија и околу можното решение за спорот со Бугарија.
Ковачевски рече дека кога ќе има документ договорен од двете страни, тој ќе биде доставен на одобрување до Собранието.
Мефаил Исмаили