Спортисти Албанци и клубови денеска протестираа пред канцеларијата на Агенцијата за млади и спорт

Неколку спортисти Албанци и клубови денеска протестираа пред канцеларијата на Агенцијата за млади и спорт, во знак на несогласување со конечниот список за спортски ваучери доделени од оваа институција. Тие се чувствуваат дискриминирани, бидејќи според нив, од вкупно 170 пријавени спортисти, само 17 од нив добиле спортски ваучери. Демонстрантите потенцираат дека од 300 илјади евра наменети за спортисти, само 37 илјади евра се за спортисти Албанци. Според нивната анализа, во конкуренција на вкупно 664 клуба, од кои 89 се клубови со Албанци, од вкупно 8 милиони евра, за клубови со Албанци биле издвоени само 900 илјади евра. Тие апелираат до челниците на Агенцијата за млади и спорт да го преиспитаат списокот за рапределба на спортски ваучери.
„Ова јасно покажува дека спортистите и клубовите се дискриминирани и апелирам до претставниците Албанци во федерацијата и Агенцијата за млади и спорт да ги преиспитаат овие ваучери и да направат правилен избор на спортисти и клубови на Албанци“, рече Берат Јакупи, тренер на КК АсиАрт.
„Тие самите не прашаа со колку категории деца конкурираме и ние сме со повеќе деца, бидејќи имаме 120 деца кои се натпреваруваат во сите категории. Со играчи кои ја претставуваат репрезентацијата, а ја имаме Саса од Каменица или Осогово, што едвај имаат 11 фудбалери да играат фудбал, тие се ценети повеќе и имаат поголема вредност од клубови на Албанци. Ја имаме Шкендија која со 10 играчи ја претставува репрезентацијата на сите нивоа, од У15 до А репрезентацијата и е помалку ценета од женскиот клуб Љуботен или Драгон и многу други македонски клубови само затоа што сопственикот е Македонец“, рече Сафет Мифтари, претседател на ФК Дрита.