Спортската сала во Струга, останува затворена
Спортската сала во Струга, останува затворена

Речиси два месеци откако Државниот инспекторат за труд влезе во спортската сала во склоп на средното училиште Нико Нестор во Струга, таа се уште е затворена, затоа што никој од надлежните институции, општина Струга, министерство за спорт, влада, па и средното училиште кое заедно со Спортскиот сојуз на Струга стопанисуваат со салата не презедоа мерки за да ги решат проблемите, кои ги нотираше инспекторатот. Во меѓувреме неколкуте спортски клубови од градот тренираат и ги одржуваат своите натпревари како ќе се снајдат.
„Спортската сала ја нема.Новата градска сала е прескапа за нас и пребукирана. Сите спортови се насочуваат таму. Оваа спортска сала е во иста ваква состојба веќе седум години, уште пред да биде затворена“ – Владимир Ѓоровиќ-тренер на КК Црни Дрим-Струга.
Дополнителен проблем е што салата нема имотен лист, поради што никој не знае во чија сопственост е салата.Ѓоровиќ објаснува дека низ годините имало ситни интервеници, како што е поправка на кровот и реконструкција на семафорот.
„Соблекувалната која ја користиме машки женски, ние ја саниравме пред 3 години со плочки, меѓутоа веројатно никој нема доволно средства или никој не сака да преземе одговорност на своја рака да го решава тоа“ – Владимир Ѓоровиќ-тренер на КК Црни Дрим-Струга.
Часовите по физичко до неодамна овде ги одржуваа и повеќе од 1500 ученици од средното училиште Нико Нестор,од каде се уште молчат за проблемот.Инспекторат за труд во април годинава констатира дека салата е небезбедна за користење.
„При извршениот инспекциски надзор се констатирани неправилности од кои се утврди дека постои непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените во Средно Општинско Училиште Нико Нестор, кои работните задачи ги извршуваат во спортската сала, па согласно Законот за безбедност и здравје при работа издаде решение забрана за користење на салата“ – Државен инспоекторат за труд.
Салата ќе биде затворена до отстранување на неправилностите, но барем за сега нема најава за такво нешто, ниту пак иницијатива. Спортската сала е во лоша состојба со години, кровот прокиснува на повеќе места, па при врнежи од дожд, натпреварите и тренинзите се откажуваа, бидејки беше ризично да се одиграат посебно кога требаше да се запалат рефлекторите. Влезот во салата е тесен, и низ него едвај можат да поминат неколку луѓе во ситовреме. Во салата, изградена 1983 година, нема ниту затоплување и топла вода, а на повеќе места на паркетот имаше дупки. /Alsat.mk