МАКЕДОНИЈА

Спречен нелегален влез на мигранти од Ирак

Мобилен тим при Секторот за контрола и истраги спречи нелегален влез на шест мигранти со потекло од Ирак при контрола на товарно моторно возило на влез на граничниот премин Богородица. Притоа поради оштетување на царинските обележја запленета е и стоката и товарното моторно возило во коешто се криеле мигрантите.

Advertisements

Случајот е откриен откако инспектори од Одделението за оперативни работи при селекција за детален преглед на возилото забележаа преправки во фабричката надворешна конструкција на возилото, со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба. Станува збор за товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button