МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека

Во текот на изминатиот викенд, царинарниците на три гранични премини заплениле роба во вредност од 500.000 денари, со што спречиле избегнување на плаќање царински давачки од околу 150.000 денари.

Advertisements

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини „Богородица“, „Блаце“ и „Табановце“ во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари, информираат од Царинската управа.

– Во првиот случај двајца сопружници на влез во државата на граничен премин „Богородица“ се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограми сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот кои биле на име на сопружникот, соопштуваат од Царина.

Во вториот случај станува збор за часовници што мобилниот тим на Царинска управа ги открил при контрола на автомобил на граничниот премин „Блаце“. Возачот на автомобилот ги скрил часовниците во црни ќеси кои ги ставил зад совозачкото седиште.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button