ВЕСТИСВЕТ

Спречен руски хакерски напад врз информацискиот систем на украинските сили

Украинските специјални служби спречија обид на руски хакери да упаднат во информацискиот систем на Вооружените сили на Украина, објави на Телеграм украинската служба за безбедност.

Advertisements

Украина информира за зголемен број руски хакерски обиди против компјутерските системи на украинската влада, вооружените сили и енергетскиот сектор од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Русија постојано ги негираше ваквите обвинувања.

„Како резултат на сложени мерки, украинската служба за безбедност ги откри и блокираше незаконските дејствија на руските хакери кои се обидоа да навлезат во мрежите на украинската војска и да преземат разузнавачки информации“, се вели во соопштението на службата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button