Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати и опрема за боречки вештини

Златни монети, лекови, фотоапарати, делови за мобилни телефони, автоделови и опрема за боречки вештини заплениле царинските службеници во текот на минатата недела, информира денеска Царинската управа.
Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато преку граничен премин „Табановце“. Во нивната намера биле спречени од царинските службеници кои извршиле контрола на автомобилот, при што во чантата на сопатничката, државјанин на Украина, откриле пет златни монети со проценета вредност од половина милион денари. По откривањето на монетите за нивен сопственик се пријавил трет патник, германски државјанин, кој исто така патувал со истиот автомобил.
Царинската управа соопшти дека на Меѓународниот аеродром Скопје е спречен шверц на 1.200 таблети „Plaquenil“ што се употребуваат за третман на лица со автоимуни болести. Таблетите се пронајдени во куфер на државјанка на Босна и Херцеговина, која патувала со лет од Истанбул.