ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Србија денес ги донесе останатите 3510 вакцини Фазјер

Строги безбедносни мерки во Табановце за пристигнувањето на вториот пакет вакцини „Фајзер“ добиен како донација од Белград. 3510 вакцини беа донесени денес во патнички автомобил, а како сопатник беше српскиот министер за здравство Златибор Лончар. При истоварот на пакетот помогна и нашиот министер за здравство, Венко Филипче.

Advertisements

„Драго ми е што им помагаме на соседите и пријателите. Она што сакаме е вие да бидете безбедни, а вашите граѓани што е можно помалку болни. Кога вие имате подобра ситуација, ќе има целиот регион.

Лончар додаде дека во Србија скоро еден милион луѓе се вакцинирани со четири видови вакцини. Но, Северна Македонија сè уште не ги примила вакцините директно, иако властите ветија дека до крајот на овој месец ќе пристигнат 200.000 кинески вакцини „Синофарм“ и 5.860 вакцини купени од „Фајзер“.

Филипче, повторно го одложи крајниот рок дека тоа ќе се случи во текот на првата недела од март, а за 100 илјади руски вакцини Спутник V, сè уште нема информации кога можат да пристигнат од Москва за Скопје. Според него, во март ќе се случи имунизација и со 20% од дозите на Aстра & Зенекa преку Ковакс.

 

Филипче рече дека 8.190 вакцини „Фајзер“ што ни ги даде Србија ќе бидат доволни за вакцинирање со две дози на целиот медицински персонал кој е на првата линија со вирусот. Но, според националниот план за имунизација, постарите лица над 70 години кои се изложени на ризик од здравје и хронично болните, остануваат да чекаат да бидат снабдени со други вакцини. Првиот човек на здравството рече дека над 1.300 вакцини доктори се вакцинирани и[i] според оваа динамика, потребни се уште две недели за да се заврши првата доза.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button