ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србија донесе забрана за извоз на млеко, Северна Македонија и Албанија изземени од одлуката

Србија донесе забрана за извоз на млеко, Северна Македонија и Албанија изземени од одлуката

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Република Северна Македонија и Република Албанија, а со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата, јави дописникот на МИА од Белград.

Advertisements

Како што соопштија од српската Влада, донесена е и изменена на Регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември 2022 година. Со измената на Регулативата цената на УХТ млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари (1,1 евро). Исто така, покрај ограничувањето на цената на УХТ млекото, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот.

Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата и ќе обезбеди доволни количини млеко за потребите на граѓаните, се наведува во соопштенеито.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button