РЕГИОН
Србија од утре воведува нови мерки! Сѐ се затвора во 23 часот

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ вели дека сите објекти ќе може да работат само до 23 часот, без оглед дали имаат градина или не.
Тоа е одлуката што е донесена на денешната седница на Кризниот штаб и ќе важи од утре.
“На глобално ниво, ние сè уште сме земја со помал број на заразени луѓе, но можеме да забележиме тренд на раст во претходните недели. Гледаме дека ризикот од заболување е за 19 проценти поголем од претходната недела”, рече таа.