
Во Србија е прогласена вонредна состојба во 35 општини поради невремето. Обилните врнежи направија големи проблеми, излеани се реки и потоци. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Се евакуираат луѓе во погодените места.
Snimci sa viber grupe stop034#kragujevac #kisa #15jun pic.twitter.com/AoqHRPPZcK
— Marjan Stojanović (@marjan_kg) June 15, 2023
Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Во прекин синоќа беше и стариот пат за Чачак, но сега е прооден.
Утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат преку селата Милоча и Сирча.
Патиштата кои беа непроодни сега се повторно во функција, но бараат поголема внимателност и побавно возење додаваат од „Патишта на Србија“.
Автомобилскиот сојуз на Србија соопшти дека обилните врнежи се уште можат да предизвикаат застој во сообраќајот и вонредни нарушувања, особено во вториот дел од денот кога за многумина завршува работната недела, а сообраќајот се зголемува.
Метеоролозите очекуваат поголемо количество врнежи во источните, централните и југоисточните делови на Србија, кои на патиштата во овие области, особено во планинските предели, покрај реките и низ усеците, каде што може да има одрони и излевање на поројни води, па возачите треба да бидат подготвени да реагираат на непредвидени опасности во секој момент. /Makfax