ВЕСТИРЕГИОН

Србија провоцира сериозен меѓународен конфликт, изјави Курти

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека првичните истраги покажуваат дека палењето на зградата на Центарот за регистрација на возила во Зубин Поток и на Цивилната регистрација во Звечане, не биле случајни, туку намерни инциденти. Курти ја обвини Србија дека со такви акции предизвикува сериозен меѓународен конфликт.

„Србија, која ниту ја признава независноста на Косово, ниту ги признава злосторствата што ги направила во минатото, не се соочува со минатото и продолжува да го негира геноцидот што го изврши во нашата земја, врз нашиот народ, е токму тоа, го користи нашето население за цели кои не служат на мирот, и со тоа сака да предизвика конфликт“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

За време на неговиот престој во Скопје, на Меѓународната конференција за климатските промени, Курти рече дека Србија користи поединци и криминални групи за да ги поттикне тензиите. Тој ја повика меѓународната заедница да не замижува пред опасните провокации на Србија.

„Жално е што разни криминални групи северно од Ибар, кои секогаш се поттикнати и поддржани од Србија, продолжуваат да се противат на владеењето на правото, јавниот ред и безбедност и ги напаѓаат државните институции на Косово. Меѓународната заедница, меѓународниот фактор не треба да замижува пред провокациите на автократскиот режим во Србија кон граѓаните на Косово за да се спротивстават на нашата држава“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

Премиерот Курти рече дека полицијата и институциите на Косово, во ниту еден момент не ја провоцирале ситуацијата, но се решени да го заштитат редот и мирот, како и спроведувањето на одлуката за српските регистарски таблички. Според Курти, решението на проблемот лежи токму во владеењето на правото и демократијата, притоа нагласувајќи дека „ниту една индивидуална или криминална група не може да биде помоќна од државата“. Тој рече дека специјалните сили на север биле испратени да ги заштитат граничните премини и граничната полиција, бидејќи искуството од минатото покажува дека булдожерите биле распоредени за напад на граничните премини, слично како во 2008 година, два дена откако Косово прогласи независност.

АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button