
Второто коло на Еврото во Германија ќе го отворат селекциите на Хрватска и Албанија, што е одлична можност и за ова да се праша вештачката интелигенција – за кого треба да навива Србија на овој меч.
Одговорите што ги добија навивачите најпрвин беа општи, а потоа им се сугерираше дека таа определба зависи од личните преференци.
Сепак, на крајот вештачката интелигенција процени вака:
„Со оглед на историската и политичката нетрпеливост меѓу Србија и Хрватска, реално е да се очекува дека многу Срби ќе навиваат против Хрватска. Тоа значи дека тие сигурно ќе навиваат за Албанија на овој конкретен натпревар“ – пишува ChatGPT.