
Европската фудбалска федерација (УЕФА) и спонзорот на натпреварувањето претставија новина за завршните натпревари на Европското првенство.
Нова топка ќе биде користена за полуфиналињата и за финалето на шампионатот. Белата основа на топката е заменета со сребрена боја.
Од компанијата „Адидас“ објаснуваат дека сребрената боја е специјално развиена и тестирана со спортисти за да се осигура дека се издвојува на теренот, без да ја одразува светлината од површината.
На Европското првенство и денеска е слободен ден додека утре и задутре на програмата се полуфиналните средби помеѓу Шпанија и Франција и Англија и Холандија. Финалето е закажано за в недела.