Средба на битолскиот градоначалник Коњановски и романската амбасадорка Аксинте

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски оствари работна средба со романската амбасадорка во земјава Адела Моника Аксинте, конзулот на Романија во Битола, Александру Мамакис и со професорот Николае Станчу, лектор по романски јазик.
На средбата се разговараше за понатамошната соработка на економски план, за што амбасадорката посочи дека одредени компании од Романија се заинтересирани да инвестираат во Битола.
Градоначалникот Коњановски потврди дека локалната самоуправа е отворена за соработка со цел зголемување на инвестициите во општината.
Коњановски и Аксинте потсетија на соработката што ја има воспоставено Битолскиот универзитет со Универзитетот од Јаш во Романија, како и за можноста за возобновување на иницијативата за збратимување на Битола со градот Јаш.
Амбасадорката Аксиенте го информира градоначалникот Коњановски дека Амбасадата на Романија завршува со подготовките за отворање на Романски информативен центар во Скопје.