ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Клубот на пратениците ќе одржат тет-а-тет средба на која ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повикува опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ во деновите пред официјалните разговори го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.