ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта  во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Advertisements

Согласно агендата, предвидена е тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Орбан. Ќе се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери.

Владиниот самит започна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ, и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.

-Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, но овој принцип треба да се применува кон сите. Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка на ЕУ и земја кандидат. Како што видовте ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ, рече Сијарто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button