ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со државниот правобранител Фехми Стафа

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Фехми Стафа, државен правобранител на Република Северна Македонија со кого разговарале за тековните активности на Државното правобранителство во функција на правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Advertisements

Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, на средбата шефот на државата ја нагласи важноста на улогата на Државното правобранителство во севкупниот правосуден систем, во контекст на владеењето на правото како предуслов за напредок на државата.

-Реформите во сферата на владеењето на правото, според претседателот Пендаровски, се меѓу приоритетите на нашата држава, што не треба да се поврзува само со процесот на пристапување кон Европската Унија, туку и со потребата од функционална правна држава и систем на правда кој ќе ги штити нашите слободи и права и заедничкиот систем на вредности, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button