ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го примила високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кристоф Камп кој првпат е во посета на нашата земја по преземањето на функцијата во декември минатата година.

Advertisements

Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, Камп говорел за улогата на ОБСЕ како организација чија основна улога е да превенира внатрешни, но и регионални немири и конфликти и притоа  изразил подготвеност за експертска помош во креирањето или иновирањето на правната рамка, доколку има интерес и барање од страна на македонските институции.

-Изразувајќи благодарност за досегашната соработка, Сиљановска-Давкова се согласи дека ОБСЕ може да помогне во забрзувањето на македонскиот, но и на западнобалканскиот евроинтеграциски пат преку унапредување на заштитата на малцинските права, согласно фундаменталните документи за малцинствата.   Високиот комесар понуди експертиза на постојната национална регулатива за заштита на малцинските права, како и на нејзината имплементација. Тој ја потенцираше важноста на инклузивниот процес на одлучување на сите нивоа во кој секој припадник на кое било малцинство ќе има шанса да учествува, се наведува во соопштението.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакнала усогласеноста на нашата легислатива за малцинствата со највисоките стандарди за малцински права, „но и потребата од поголема грижа за помалите малцинства, со оглед на нивната ранливост“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button