„Средбата кај Еди Рама, чист политички маркетинг“, оценуваат граѓаните

Граѓаните не веруваат дека средбата кај Еди Рама ќе донесе нешто добро за нив. Во анкетата што ја направи Алсат во Скопје и Тетово, граѓаните ни рекоа дека овие состаноци се прават само за политички маркетинг или за изборни кампањи.
„Мислам дека овој народ е навикнат на тоа, ова е само нивна политичка игра. Ова не е прв пат, пред четири години беше исто, си ги играат игрите како што сакаат. Не верувам. Ова е за секој да си ги заштити партиските бои, да направи име, слава, овој народ е навикнат на лаги. Нека одат таму, нека гледаат по автобуските станици, младите си заминаа, ова е манипулација, ова е катастрофа, ова е уништување. Доста нè лажат со овие трикови. Ова се само реклами на тие манекени, ништо друго“…
„Двајца Албанци никогаш не се обединуваат, вие знаете многу добро, двајца Албанци никогаш не се заедно. А, кога доаѓа и третиот, тогаш сè се расипува.
– Што мислите, за што се среќаваат?
„Не знам, можеби отишле да вечераат, да зборуваат за себе, не за албанскиот народ, отишле само да вечераат“…
„Кога ова се злоупотребува за партиски политички цели, секогаш страда народот. Посакувам овие иницијативи да бидат почести и да има средби од ваков карактер, но да не се чека само за кампањи и за злоупотреба“…
„Од овие средби мислам дека најмногу имаат корист поедини партиски луѓе, за граѓаните нема ништо, граѓаните не виделе ништо“…
„Нема ништо од тоа. Која е целта тогаш зошто ги реализираат? Целта е за сопствени интереси. Кој има најголема корист од ова? Како тие и овие, нема ништо за нас“…
„Нешто си играат, политиката си го направи своето. Најверојатно ќе направат некаков договор, но каков не знам“…
„Рекламирање, за мене тоа е реклама. Види, ова во однос на сите албански партии, сè додека не седнат на една маса за да ја заживеат оваа младина која целосно замина, не верувам дека тука има живот“, рекоа граѓаните.
Мефаил Исмаили